Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавна поддршка од истакнати интелектуалци и универзитетски професори за Бобан Стефковски од Гази Баба

Од истакнати интелектуалци и универзитетски професори за кандидатурата на Бобан Стефковски за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од истакнати интелектуалци и универзитетски професори за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба. Во време на големи општествени предизвици и сè подлабока потреба од одговорно и визионерско локално раководење, ја изразуваме нашата недвосмислена поддршка за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата поддршка не произлегува од политичка определба, туку од професионална и граѓанска одговорност. Уверени сме дека токму Бобан Стефковски е пример за современ локален лидер кој ја разбира сложеноста на заедницата, а притоа постојано ја издигнува улогата на институцијата како сервис на граѓаните, а не како алатка на лична или партиска промоција.

Оваа наша поддршка е заснована врз јасно видливите резултати што ги остави зад себе во својот прв мандат. Во време на несигурност, тој обезбеди стабилност; во услови на очекувања, тој испорача реални решенија.

Реклама

Работата на Бобан Стефковски беше препознатлива по својата континуираност, посветеност и ориентација кон јавниот интерес, а тоа се вредности што не се подразбираат, туку се заслужуваат.

Во неговото досегашно раководење, препознавме стабилност, сериозност и работа што не се потпира на голи ветувања, туку на тивка, но постојана изградба на доверба. Ваквиот пристап заслужува не само признание, туку и продолжение.

Веруваме дека вториот мандат на Бобан Стефковски ќе значи продлабочување на вредностите на јавниот интерес, отчетноста, институционалната култура и грижата за општото добро – вредности што ни се неопходни, не само на локално, туку и на национално ниво.

Ги повикуваме граѓаните на општина Гази Баба да го поддржат кандидатот кој го постави јавниот интерес пред сè и кој докажа дека достоинствено и професионално може да се раководи со една од најкомплексните општини во Република Македонија.

Со почит,

1.Проф. Д-р. Саво Климовски – професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија;

2.Проф. Д-р. Димитар Гелев – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

3.Проф. Д-р. Александар Климовски – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

4.Проф. Д-р. Трпе Ристоски – редовен професор на Ветеринарниот факултет при УКИМ;

5.Проф. Д-р. Љупчо Несторовски – Продекан за настава и редовен професор на Шумарскиот факултет при УКИМ;

6.Проф. Д-р. Виктор Ѓамовски – Директор на Земјоделски Институт при УКИМ;

7.Проф. Д-р. Валентина Славевска Стаменковиќ – Продекан за настава и вонреден професор на Природно Математички Факултет при УКИМ;

8.Проф. Д-р. Миле Маркоски – Декан и редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

9.Проф. Д-р. Влатко Неделковски – Декан и вонреден професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ;

10.Проф. Д-р. Тошо Арсов – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

11.Проф. Д-р. Ѓорѓи Груевски – Декан и редовен професор на Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер при УКИМ;

12.Проф. Д-р. Дејан Методијески – вонреден професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД;

13.Проф. Д-р. Оливер Филипоски – вонреден професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД;

14.Проф. Д-р. Олга Најденовска – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

15.Проф. Д-р. Марина Стојанова – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

16.Проф. Д-р. Драги Димитриевски – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

17.Проф. Д-р Велика Стојкова Серафимовска – редовен професор на Институт за фолклор “Марко Цепенков” – Скопје при УКИМ;

18.Проф. Д-р Христина Рунчева – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

19.Проф. Д-р. Иванка Василевска – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

20.Проф. Д-р. Нада Јурукова – редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ;

21.Проф. Д-р. Виолета Ачкоска – редовен професор на филозофскиот факултет при УКИМ;

22.Професор Благојка Филипчева;