Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме чувство дека во СДСM се многу чувствителни, се плашат ли од одговорност

Изминатите 7-8 години, СДСM, заедно со неговиот коалициски партнер ДУИ, го контаминира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатите 7-8 години, СДСM, заедно со неговиот коалициски партнер ДУИ, го контаминира правосудството инфилтрирајќи свои кадри во македонското обвинителство и во судството. Од Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, државен јавен обвинител, врховни судии и итн., СДСM и ДУИ го урнисаа правосудството, кое има 2 отсто доверба од граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Функционерите на СДСM и ДУИ за кои имаше сомнежи дека имаат сторено криминал и корупција не беа викани ниту на разговори ниту беа осудувани, што впрочем гледаме дека денес кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се изолираат од одговорност – доколку има доказ за такво нешто.

Така што, граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДСM и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста. Не смее некој што сторил криминал да биде заштитен од страна на правосудството во државата.