Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија

Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

 Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно.

Крушевската Република остави порака што и денес има силно значење, држава изградена врз слобода, еднаквост и меѓусебна почит. Истите вредности беа потврдени и на АСНОМ, кога беше трасиран патот на современа Македонија.

Реклама

Наследството што ни е оставено не е само повод за гордост, туку и одговорност. Наш долг е да ги штитиме државните интереси, да ги зацврстуваме демократските институции и да создаваме општество во кое владеат правдата, солидарноста и еднаквите можности за сите.

Нека Илинден биде потсетник дека секоја генерација има своја улога во продолжувањето на македонската приказна. Да бидеме достојни на оние што се бореле пред нас и со труд, знаење и одговорност да создадеме подобра иднина за оние што доаѓаат.

Честит Илинден!