Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски ја враќаат стабилноста во државата, анкетите потврдуваат висока поддршка за Владата

ВМРО-ДПМНЕ, како предводник на институциите, за помалку од една година покажа значителни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ, како предводник на институциите, за помалку од една година покажа значителни резултати во интерес на граѓаните. Партијата ја презема одговорноста за управување со Владата во услови на економска и институционална криза, оставена од претходното владино раководство, при што беше забележан значителен пад во сите области.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека следела интензивна и макотрпна работа за спречување на економскиот пад и започнување на процесот на економско заживување. Според партијата, платите и пензиите се зголемени, а странските директни инвестиции достигнаа историски највисоко ниво, надминувајќи една милијарда евра.

„Постепено се враќа функционирањето на институциите, се води решителна борба против криминалот и корупцијата, а апсењата на лица кои беа недопирливи покажуваат дека законот важи еднакво за сите“, се наведува во соопштението.

Реклама

Граѓаните го препознаваат напредокот, ценат досегашните политики на Владата и ги поддржуваат мерките кои водат кон функционални институции и ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека анкетите потврдуваат висока доверба во владината работа и во претседателот и премиер, Христијан Мицкоски.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека над 60% од граѓаните ја поддржуваат владината борба против организираниот криминал, додека две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите. Доколку утре се одржат избори, 51,7% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека довербата во Христијан Мицкоски изнесува 25,4%.

„Резултатите од ова истражување се доказ за досегашната работа, но и обврска за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со својата посветеност на подобрување на животот на сите граѓани“, потенцираат од партијата.