Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат повеќе пари, двојно зголемена реалната плата, за 30 отсто намалена инфлација

Добро проектираните економски мерки и политики на Владата, ги даваат посакуваните резултати,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро проектираните економски мерки и политики на Владата, ги даваат посакуваните резултати, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.

Полека, но сигурно почна стабилизирањето и заживувањето на економијата, расте производството, се зголемуваат платите, се намали инфлацијата, се зголемува потрошувачката и куповната моќ на граѓаните.

Тоа покажува дека сега, споредено со периодот на власт на СДСМ, граѓаните имаат повеќе пари и со тоа купуваат повеќе. Дека е така потврдуваат и економските експерти кои велат дека како резултат на повисоките плати и пензии, се зголемува личната потрошувачка на граѓаните.

Реклама

Имено, за една година власт на ВМРО-ДПМНЕ реалната плата двојно порасна, отколку за седум години власт на СДСМ.

Бројките покажуваат дека во период од јули 2024 до јули 2025 година, растот на реалната плата е 6,7 проценти, додека во периодот на власт на СДСМ од јули 2017 до јули 2024 година, растот бил само 3,5%.

Колку за појаснување, реалната плата е вистинската куповна моќ на платата, значи не е номинален износ, туку вредносен.

Од друга страна, споредено за истите овие периоди, инфлацијата е намалена за цели 30%.

Во периодот јули 2024 до јули 2025 година просечната стапка на инфлација е 3.6%, додека во период од јули 2017 до јули 2024 година, просечната стапка на инфлацијата е 4.8%.

Овие бројки јасно покажуваат дека стопанството се развива, инфлацијата е стабилизирана и под контрола, платите растат, граѓаните имаат повеќе пари и живеат подобро.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт народот го добива заслуженото, додека со СДСМ единствено кои добро живееја беше нивната политичка елита и нивните главни тендераши кои енормно го зголемуваа богатството.

Државата оди напред, промените ја трансформираат Македонија, има сеопфатен раст и развој кој го чувствува секој граѓанин.