Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче заборава дека тие на пензионерите им даваа симболична сума од стотина денари

Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Аман Филипче не се грижи!

Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСM? Владата на СДСM, онаа влада која на пензионерите им даваше  некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1000 денари или илјада и нешто.

Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше или што уште не.  Вака ли се грижеа тие за пензионерите.

Реклама

СДСM е само олицетворение за понижување, партија која никому не даваше повисоки примања, партија која шири лаги и дезинформации, партија на која апсолутно не и грижа за никому и за ништо во државата. СДСM е партија во која поединци се грижат за личниот џеб. Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСM.

ВМРО-ДПМНЕ не ги познава овие поими. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што и докажа и покажа неодамна.