Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со заканите „ќе видите“ ги обвинува сите, освен Заев и кланот Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, наведува дека тој ги обвинува сите, освен Заев и кланот Дубаи, а на крајот не дава ниту решенија ниту предлози.

– Венко Филипче денеска одржа прес-конференција како од лош таблоид од доцните 90-ти години на 20 век: многу зборови, а нула факти. Список на наводни скандали, без ниеден документ, без пријава и без храброст да каже конкретно што, каде и како. Секогаш истото сценарио: „следуваат бомби“, „имаме информации“, „чекаме институции“ – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека тој зборува за буџетска дупка, а „го заборави периодот кога СДСM ја празнеше касата, а државата ја задолжуваше без план и одговорност“.

Реклама

– Денес, кога некој, конечно, ги средува работите, тие глумат загриженост. Наместо одговор зошто СДСM нема политика, нема визија и нема поддршка, тој нуди приказни за згради во Дубаи, патувања и измислени афери. На крајот, ниту збор за решенија и предлози. Ниту за плати, ниту за економија, ниту за иднина. Само уште еден прес за да се создаде врева и да се скрие фактот дека СДСM денес нема што да му понуди на народот – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Се додава дека пиар-стратезите на СДСM и денеска, помеѓу две тезги во БиХ и Србија, копираат исти наративи за да им е полесно. – Но не ги разбираме СДСM и Филипче што немаат капацитет да проценат дека некој упорно ги лизга во зона на целосна нерелевантност – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција денеска обвини дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и затоа постојано прави дефокус. – Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите – рече Филипче.