Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР шефот Башановиќ, кои го донесоа до 3,6% рејтинг

Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на, и така неговиот и партиски слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На Филипче и СДСM, не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде дојдоа на одвај 130 илјади гласа, па продолжи дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување на негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лоши ПР совети од Башановиќ. 

Во Филипче и СДСM веќе никој не верува, довербата од граѓаните им се сведе на минорни 3,6% и 4,5% рејтинг. Меѓу ретките кои сè уште им изразуваат некаква поддршка се луѓе лојалисти на Заев, поддршка од членството и од симпатизерите, нема.

Реклама

Филипче функционира и делува само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува да тоне на политичката сцена.

 Истите луѓе на Заев, кои до пред неколку години заедно го водеа СДСM, сега се здружени со Филипче во таканареченото ново партиско раководство и одат кон пропаст.

Така, Филипче заедно со Заев и неговиот куќен пријател и советник, Зоран Башановиќ, некогаш големиот СДСM го доведоа до рејтинг на граница на статистичка грешка.

Слободно може да се каже дека во Македонија веќе нема опозиција, и тоа е поради Филипче и СДСM, затоа што нивните празни флоскули и демагогии кои ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат.

За да се врати СДСM тоа што некогаш беше, голема партија која ќе биде конструктивна, легитимна и пред сè кредибилна опозиција, потребен е нов пристап, реформи, дистанцирање и оградување, како од Заев, така и од Филипче.