Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДСМ со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија

Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДСМ која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја.

Филипче и СДСМ немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДСМ не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива.

За Филипче и СДСМ  не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да добијат по некој аплауз од надвор и да дојдат до власт.

Реклама

СДСМ со години лажеа дека секоја нова отстапка на Мaкедонија  е „последниот чекор“ кон Европската Унија. Прво беше промената на знамето. Потоа промената на Уставот. Па промената на името. Денес СДСМ и Филипче повторно бараат нови уставни измени и повторно убедуваат дека тоа е „последната пречка“.

Граѓаните гледаат и знаат дека секоја отстапка раѓа нова уцена, а секое попуштање отвора нов удар врз македонскиот идентитет.

Сите досегашни отстапки кои државата ги има направено се од СДСМ, само поради лични лукративни цели на тесен круг од СДСМ.

Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДСМ и нивното криминално наследство.

Македонија заслужува лидери кои ќе ја бранат државата, а не политичари кои за власт и личен спас се подготвени да ја турнат во амбис.