Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филип Темелковски и неговата екипа го претворија јавниот интерес во приватен профит

Паушалните изјави на СДСM, да не беа смешни ќе беа навистина трагични.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паушалните изјави на СДСM, да не беа смешни ќе беа навистина трагични. Бетонизацијата беше второто моминско презиме на Филип Темелковски и неговата екипа, кои го претворија јавниот интерес во приватен профит, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. 

Да потсетиме за јавноста: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уште од првиот ден на мандатот го поништи предлог-ДУП-от на Темелковски и мафијата, со кој се предвидуваа 99 згради во Расадник. Тоа значеше бетонизација на повеќе од 1 милион м² бруто површина и гушење на народот. Наместо тоа, за првпат после Кензо Танге, се распиша Меѓународен конкурс за Расадник за избор на идејно решение и вистински развој, наместо груба градба.

За првпат беа поништени маркици и ДУП-ови таму каде што СДСM дозволуваше по 30-40 станови во еден објект во Црниче и Пржино. Сега таму има строги ограничувања до максимум четири станбени единици. И тоа е нивната болка заради која денес држат вакви смешни прес-конференции.

Реклама

А уште повеќе ги боли фактот што на претстојните локални избори силно ќе изгубат и ќе останат без ниту една општина. Но, тоа е реалност со која мора да се соочат. Урбаниот хаос и дивеењето на урбаната мафија завршија со нивното заминување во политичка пензија.

Денес, на местата каде што СДСM планираше згради, никнуваат паркови, зеленило, детски катчиња и спортски терени. Така ќе биде и во Скопје после октомври, град по мерка на луѓето, а не на мафијата.

СДСM – никогаш повеќе!