Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и Али се врапчиња, никако орли

Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДСМ тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Се сеќавате како Груби и Ахмети отидоа кај Заев и го „предомислија“ пред две години? Со што го предомислија? Епа, така функционира ДУИ и за тоа се врвни експерти.

Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДСМ не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите.

Реклама

Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку обично врапче. А во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Најгласни се токму најуплашените. Со проекти, со мерки, со реформи и со подобар живот. Албанците одамна имаат преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори – заедно со Македонците, сите сложно.

ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмеeме на тие понуди.

Наместо да оди во пензија – не му здосади дваесет години власт? Убава е власта за Ахмети кога се купува соравија, се возат џипови, се отвораат бизниси во енергетика, се отвораат градежни фирми, додека првиот комшија и другар од детство ти е шеф обвинител за организиран криминал. Е, за тоа се експерти. Но наместо да оди во пензија, тој зборува за крв, оружје и орли.

А секој пат кога ќе дојдат избори, Ахмети доживува необична трансформација. Тоа е неговиот Павлов рефлекс – на звукот на избори, автоматски следуваат закани, патетика и заплашувања.

Освен што е патетично, сето ова е и смешно. Како не му е мака, искрено не знаeме.