Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДСМ се виде на роденденот на партијата

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДСМ се виде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДСМ се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДСМ не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер.

Заев не пет години, туку пет минути не е апстиниран од СДСМ и политиката, синоќа на роденденот на партијата дојде да покаже дека тој се уште е врховен лидер на СДСМ, и дека сите работат по негова насока. Последно во низата е договорот со српската опозиција за формирање на фронт преку генералниот секретар на СДСМ, Димитријевиќ. Се додека Заев е со СДСМ, тие немаат иднина. Граѓаните не забораваат.