Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Членки на политичките партии СДСМ и Левица, на јавноста познати од претходно како дел од шарената револуција, денес одржаа говори пред Собрание

Членки на СДСМ и Левица, познати од времето на шарената револуција кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членки на СДСМ и Левица, познати од времето на шарената револуција кога скокаа за правда и мир, а потоа се помирија со лоповлук и предавства, денеска одржаа говори пред Собрание, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се истите луѓе кои скокаа за правда и мир, а потоа се помирија со лоповлук и предавства, седејќи во фотелјите на невладините организации и партиите кои ги одгледуваат.

Овие луѓе, кои најгласно говореа за правда, сега пак се во прегратките на оние кои на граѓаните на Македонија и ги нанесоа најголемите предавства.

Реклама

Филипче вчера излезе од партиска говорница да го потврди приклучувањето на СДСМ кон маршот, или во превод, приклучување на маршот на активистките на шарената револуција.

Од друга страна, претседателката на Форумот на жени на СДСМ, одржува партиски прес-конфернции, комплетно украдени и ископирани од соседна држава, со црвени обоени дланки, и се обидува да потсети на времето на шарената револуција.

Тоа е не толку нова агенда на СДСМ, да искористи политички трагедии за да собере политички поени, да се приклучи на активисти со надеж дека пак ќе присобере некои поборници за ‘правда’, со оглед на тоа што имаат историски најнизок рејтинг.

Јасно е дека СДСМ, особено со Венко Филипче, особено со ова моментално ракводство на партијата, ќе направат се, ќе коленичат и ќе виткаат кичма, во нивните обиди да дојдат пак на власт. 

Вакви изрежирани сценарија се печатот на СДСМ, упорни се во борбата да ја киднапираат Македонија, со цел да се спасат себе си, по секоја цена.

Инаку, членка на Форумот на жени на СДСМ одржа прес-конфернеција пред два дена, на 6 март, со истата симболика во позадина, вчера Каја Шукова го повтори ова и го појача интензитетот, за потоа Филипче да свика вондредна прес-конференција,  да каже дека СДСМ ќе се приклучи на денешниот марш. 

Искористија уште една трагедија за остварување на нивните политички цели и 8 март го претворија во политички циркус.