Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Членки на политичките партии СДСM и Левица, на јавноста познати од претходно како дел од шарената револуција, денес одржаа говори пред Собрание

Членки на СДСM и Левица, познати од времето на шарената револуција кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членки на СДСM и Левица, познати од времето на шарената револуција кога скокаа за правда и мир, а потоа се помирија со лоповлук и предавства, денеска одржаа говори пред Собрание, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се истите луѓе кои скокаа за правда и мир, а потоа се помирија со лоповлук и предавства, седејќи во фотелјите на невладините организации и партиите кои ги одгледуваат.

Овие луѓе, кои најгласно говореа за правда, сега пак се во прегратките на оние кои на граѓаните на Македонија и ги нанесоа најголемите предавства.

Реклама

Филипче вчера излезе од партиска говорница да го потврди приклучувањето на СДСM кон маршот, или во превод, приклучување на маршот на активистките на шарената револуција.

Од друга страна, претседателката на Форумот на жени на СДСM,  одржува партиски прес-конфернции, комплетно украдени и ископирани од соседна држава, со црвени обоени дланки, и се обидува да потсети на времето на шарената револуција.

Тоа е не толку нова агенда на СДСM, да искористи политички трагедии за да собере политички поени, да се приклучи на активисти со надеж дека пак ќе присобере некои поборници за ‘правда’, со оглед на тоа што имаат историски најнизок рејтинг.

Јасно е дека СДСM, особено со Венко Филипче, особено со ова моментално ракводство на партијата, ќе направат се, ќе коленичат и ќе виткаат кичма, во нивните обиди да дојдат пак на власт. 

Вакви изрежирани сценарија се печатот на СДСM, упорни се во борбата да ја киднапираат Македонија, со цел да се спасат себе си, по секоја цена.

Инаку, членка на Форумот на жени на СДСM одржа прес-конфернеција пред два дена, на 6 март, со истата симболика во позадина, вчера Каја Шукова го повтори ова и го појача интензитетот, за потоа Филипче да свика вондредна прес-конференција,  да каже дека СДСM ќе се приклучи на денешниот марш. 

Искористија уште една трагедија за остварување на нивните политички цели

и 8 март го претворија во политички циркус.