Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се огради од Димковски, Филипчње пак против линераното зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да се огради од поранешниот министер за земјоделство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да се огради од поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски. Според партијата, наместо да ги брани криминалците во своите редови, СДСМ треба да го осуди потегот со кој се оштетил државниот буџет за 800 илјади евра преку отпис на 2.000 тони јачмен и пченица. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски, приватниот интерес секогаш бил пред државниот, дури и во услови на глобална криза. Андоновска јавно праша дали отпишаните производи од стоковите резерви завршиле на црниот пазар.

„Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали исто така, Димковски ќе одговара за сите овие тројца кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДС има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината?“, изјави Андоновска.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пак денеска не зборуваше за злоупотребите во земјоделскиот сектор кои фрлија сенка врз раководството на партијата, туку го критикуваше зголемувањето на пензиите и поскапувањето на струјата. Тој рече дека владата со линеарното зголемување на примањата на највозрасната категорија граѓани, оштетила над 90% од пензионерите. Доколку било задржано старото законско решение кое го следеше СДСМ кога партијата беше на власт, партијата пресметала дека покачувањето би било од 1200 до 1500 денари.

Реклама

Премиерот Мицкоски во повеќе наврати потенцираше дека порастот на пензиите  од вкупно 6.000 денари во последнава година и пол се направил за да се подобри стандардот на оние со најниски примања. Уставниот суд треба да одлучи дали ќе го укине последното линеарно покачување, откако поведе постапка за уставноста на одлуката. Незадоволни од ваквиот развој на настаните, пензионерите од цела држава во понеделник ќе излезат на протест пред Уставниот суд. Најниската пензија во моментов изнесува над 18.000 денари, просечната надминува 26.000, а има и такви чии примања надминуваат 80.000 денари.