Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДСМ

СДСМ може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа во СДСМ нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски, исто како и Филипче, не е нов лик на македонската политичка сцена. Јавноста многу добро го памети уште во времето на Зоран Заев, кога само за да добие функција прелета од неговата матична партија ЛДП, во СДСМ.

Тој е исто така неуспешен и скандалозен дипломат, што шеташе по Букурешт претставувајќи се како македонски амбасадор, а за тоа акредитации немаше добиено.

Реклама

Жерновски, исто така, е запаметен и како неуспешен градежник, кој долго време зборуваше и ширеше паника дека новата трибина на стадионот во Скопје, кај и да е ќе се срушела. Но, годините поминаа, стадионот сосе трибините стои и е жив сведок за лагите и манипулациите на Жерновски.

Тој е познат и по многуте скандали и партизацијата во времето кога беше градоначалник на општина Центар, кој ја превработи општинската администрација и претпријатието „Паркинзи Центар“ со роднини на активисти и членови на раководството на СДСМ.

Во биографијата на Жерновски, неизоставен дел се јавните настапи на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија.

За него тоа, веројатно и воопшто не било проблем, со оглед на неговото лично потекло и на фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет, но тоа не му дава за право да ги руши и предава македонските позиции.

Со други зборови, како Филипче така и Жерновски не се нови кадри, туку имиња кои се поврзуваат со СДСМ од транзицијата кои се директни виновници за неуспесите на државата и за поразите на СДСМ низ годините.

И по сето ова, Жерновски се стави на располагање на СДСМ заедно со Филипче, да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата.

Така наречените нови сили на СДСМ се стари и потрошени кадри кои веќе биле раководни позиции и функционери кои ја изневериле довербата на граѓаните и не покажале никакви резултати.