Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што зборува тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Дали СДСМ е свесен дека цената на ова што го збори е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали СДСМ е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им објаснуваме барем на оние малкумина кои преостанале и кои слепо го следат двоецот Заев – Филипче да се освестат.

Оваа слаткоречива изјава на Филипче полна со загриженост за иднината на народот е всушност параван за предавство.

Реклама

Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме затоа што таа е идеја на почит, добрососедство и прифаќање на идентитетот на сите, а не потчинуванње и понижување на нашиот народ како што СДСМ тоа го замислува. Ние се бориме за решение кое ќе е достоинствено и нема да потклекнеме пред притисоците, предавствата и интригите на СДСМ кои се полоши и од оние кои сакаат наше обезличување.

Кога ви зборува Филипче само потсетете се кој е тој, какви се неговите морални вредности и со која екипа лојално и бескомпромисно ја уништуваше Македонија. Тоа се зборови на човек кој е потонат во криминал, без ронка респект кон својот народ и држава и кој спие на увото дека нашиот народ ќе ги заборави сите злодела што тој и Заев ги направија и дека има кратко памтење и повторно ќе го прелажат. Овие луѓе ги знаете, ништо добро Македонија не видела од нив. Ниту пак ќе види.