Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДСМ и ДУИ

Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДСМ и ДУИ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДСМ и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра.

Повеќе од јасно е дека со ваквата скандалозна одлука, Абази е под лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата професионална кариера во чие време стана шеф на ОЈО ГОКК.

Реклама

Затоа Абази не виде криминал, којшто цела јавност го виде и слушна, во предметот за набавката на мазут вредна 167 милиони евра за потребите на ТЕЦ Неготино од лицата блиски до ДУИ и СДСМ, како што се Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски и нивните партнери.

И покрај тоа што стручни истражители од Министерството за внатрешни работи, обезбедиле релевантни докази за оваа коруптивна и криминална набавка, сепак Ислам Абази и неговата соработничка Коларевиќ од ОЈО ГООК, одлучуваат оваа истрага да биде прекината и за тоа кривично никој да не одговара.

Згора на тоа и АД ЕСМ излезе со јавна реакција во која вели дека обвинителството ги искривило исказите и наодите на вештите лица кои немаа надлежност да зборуваат за финансиската штета која е предизвикана на претпријатието.

Тоа што треба да се знае е дека Советот на јавните обвинители, по закон, има обврска да ја следи работата на обвинителите и согласно овие законски надлежности обвинителот Ислам Абази и неговата колешка Коларевиќ, треба да бидат темелно испитани и сослушани.

Заедно со нив, исто така, треба да биде истражена и постапката и начинот на којшто тие одлучуваат да го прекинат овој случај наречен „Мазут“ и обвинетите, уште пред да појдат на суд, да ги амнестираат од каква било одговорност или од какво било обвинение.

Тоа е предмет за кој постојат сериозни индиции и сомнежи за криминал, корупција, перење пари, но и загадување на животната средина и со тоа и труење на граѓаните и македонската јавноста има право.