Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да испита дали милионските трансфери на Филипче кон „Жан Митрев“ биле за да си подготви профитабилен бизнис

Во СДСМ ништо ново. Случајот кој неодамна почна да се обелоденува пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во СДСМ ништо ново. Случајот кој неодамна почна да се обелоденува пред јавноста, за кој сопственикот на приватна болница, д-р Жан Митрев се произнесе на национална телевизија за тоа како сегашниот претседател на опозициска СДСМ, Венко Филипче, и екс премиерот, Зоран Заев, е уште еден пример кој сведочи за начинот на кој претходната власт владееше.

Филипче како министер за здравство, имал желба да има приватна болница, а бил и подготвен да ги преземе сите неопходни чекори за да ја исполни истата. Тој и неговиот ментор, смислиле шема, како на легален начин, да му ја одземат приватната болница на д-р Жан Митрев, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Му било кажано, дека ќе му помогнат во судскиот спор, и ќе го ослободат од обвиненијата против него, затоа што во тој момент д-р Жан Митрев имал отворен судски процес против него, па му биле блокирани личната и сметката на болницата, а имало и забрана за продавање на болницата.

Реклама

Откако брзата птица итрица Заефче смислила план, на Митрев му било дозволено да продава удели во болницата.

Фактот што Филипче бил министер во време кога трансферите од државата кон болницата драстично растат, сопственикот имал притисоци и понуди за помош во судски постапки е уште еден доказ за животното мото на Заефче, кадија те тужи кадија те суди.

Најверојатно, за откако Филипче ќе ја одземе болницата, да си наследи веќе профитабилен бизнис.

Филипче да се занимаваше малку со тоа што е во описот на функцијата министер за здравство, со јавните интереси, немаше да го доведе здравството на колена.

Затоа, за овој случај, ЈО треба да  ги разгледа  индициите за изнуда и сторен криминал.