Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВЛЕН: Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда, нека каже зошто правосудниот испит остана заглавен?!

Серијата на ДУИ со министрите за правда не завршува со Блерим Беџети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Серијата на ДУИ со министрите за правда не завршува со Блерим Беџети и Аднан Јашари. Беџети молчеше повеќе од 1000 дена, Јашари го имаше печатот во рака, а сепак не мрдна со прст. Сега на ред е Валдет Џафери. Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда. Бил министер, со мандат и можност да дејствува, но и за време на неговиот мандат правосудниот испит на албански јазик остана без решение, се вели во соопштението од ВЛЕН. 

Дури истиот се појави и на протестите на студентите. Но, против кого протестираше? Против самиот себе, против сопствениот мандат или против годините кога ДУИ го водеше Министерството за правда и не направи ништо?

Ова е истиот Валдет Џафери кој раководеше и со Бирото за судски вештачења, каде што се одолговлекуваше супервештачењето за трагичниот случај „Ласкарци“. Така функционираше ДУИ – сè што ќе допреа, го оставаа заглавено.

Реклама

Тоа е ДУИ. Кога се на власт, проблемите ги ставаат во фиока, а кога народот ќе ги испрати во опозиција со глас, излегуваат и држат лекции за права, еднаквост и правда. Студентите бараа решение, но решението не дојде ниту со Беџети, ниту со Јашари, ниту со Валдет Џафери.

ВЛЕН го решава она што ДУИ го остави заглавено. Не само правосудниот испит, туку и сите професионални испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик.