Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници!

Политичкиот субјект ВЛЕН продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичкиот субјект ВЛЕН продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји, велат од ВЛЕН.

-Претставниците на ВЛЕН секојдневно се пречекани од нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, од каде што добиваат јасна поддршка за нивната визија и платформа. Ова покажува дека ВЛЕН е фактор на стабилност и гаранција за интеграција и развој. Од друга страна, ДУИ е сè повеќе изолирана. Меѓународните партнери ја изгубија довербата во во еден субјект кој две децении ја злоупотребуваше моќта за лични и клански интереси. Клучните фигури на ДУИ веќе се на меѓународни црни листи и се прогласени за персона нон грата, што е јасен сигнал дека повеќе нема толеранција за криминал и корупција. ВЛЕН е единствената алтернатива што гарантира искрена соработка со нашите стратешки партнери и одржлив развој за Албанците во Македонија. Со ВЛЕН, постои бела иднина, изградена врз правда, работа и чесност, додека со ДУИ е црното минато, проткаено со криминал, корупција и изолација, посочуваат од коалицијата.

„Решени сме да ја водиме земјата, заедно со граѓаните и со поддршка на меѓународните пријатели, кон пофер, почесна и поразвиена иднина. ВЛЕН е ценет и добредојден од меѓународните претставници, бидејќи имаме јасна и чиста цел, за граѓаните и заедно со граѓаните“- се наведува во нивното соопштение.