Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

ВЛЕН: Не се појавивме случајно, туку како одговор на потребата на Албанците за промена

ВЛЕН не се појави случајно. Се појави како одговор на потребата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВЛЕН не се појави случајно. Се појави како одговор на потребата на Албанците за промена, за чесно претставување и за политика која не се врти околу тесни интереси, туку околу граѓанинот. Од пет политички субјекти кои се обединија за промена, ВЛЕН се трансформира во еден единствен политички субјект, со јасен идентитет, целосна одговорност и заеднички правец, се вели во соопштението од ВЛЕН. 

Обединети околу едно знаме и една заедничка политичка идеја, ВЛЕН гради модерен концепт заснован врз традиционални вредности. Модел на политика со хоризонтално и инклузивно лидерство, каде одлуките не зависат од поединец, туку од заедничка одговорност, меѓусебна доверба и интересот на Албанците.

Секако, овој развој не може да биде прифатен од оние кои со години го третираа политичкото претставување како приватна сопственост, монопол и инструмент за тесни партиски интереси. Колку повеќе се приближува моментот на формирање на ВЛЕН како единствен политички субјект, толку повеќе расте нервозата кај оние кои не се помируваат со губењето на својата тежина на албанската политичка сцена.
 
Но, овој процес е неповратен. ВЛЕН доаѓа. 

Реклама