Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

ВЛЕН: ДУИ ги уценуваше Албанците со договори на дело, ние достоинствено обезбедуваме вработување

На нечесните практики на ДУИ во текот на 20-те години на власт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На нечесните практики на ДУИ во текот на 20-те години на власт, каде Албанците беа заложници со договори, експлоатирани и манипулирани за гласови, сега се при крај.

Ова е јасен пример за злоупотреба на Албанците и туркање да се поддржат интересите на оваа партија додека таа беше на власт, создавајќи систем на зависност што го наруши нивниот развој и благосостојба.

Ние од коалицијата ВЛЕН сметаме дека Албанците не треба да бидат уценувани и заложници за гласови. Овие практики кои ДУИ ги инсталираше овие години се сериозна рана која остави длабока последица во албанското општество. Тие го злоупотребија правото на работа за да манипулираат со сиромашните и чесни работници создавајќи клиентелистички систем кој обезбеди политичка долговечност, но зад себе го остави развојот на државата и благосостојбата на граѓаните.

Реклама

Коалицијата ВЛЕН е посветена на промена на оваа ситуација и давање нова можност на оние кои биле држени несигурни и експлоатирани. Ќе им обезбедиме работа и можности за развој, внимавајќи секој поединец да има загарантирани права со законот за работни односи. Никој повеќе нема да биде алатка за манипулација за политички цели. Секој човек ќе биде третиран согласно законот и ќе има можност за достоинствен и безбеден живот.

Исто така, би сакале да нагласиме дека ВЛЕН исто така се залага за унапредување на законот за правична и соодветна застапеност. Овој закон е во завршна фаза на изработка и ќе донесе поправеден и подеднаков систем за сите граѓани без разлика, обезбедувајќи секој поединец да има можност да придонесе за општеството и да има можност да се развива професионално без страв дека ќе биде манипулиран или уценет.

Јасно ни е дека албанските граѓани заслужуваат повеќе и ќе работиме напорно за да им обезбедиме можност да живеат во фер и развиена држава.