Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Владата проектира раст од 3.7% за 2025 кој ќе се темели на вложувања во инфраструктурата, но и на домашните и странските компании

Забрзување на економските активности и раст од 3.7% во 2025-та. Ова се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Забрзување на економските активности и раст од 3.7% во 2025-та. Ова се проекциите на Владата охраврена од најновите бројки кои покажаа дека 2024-та завршила со 2.8% зголемување на БДП, а најдобар резултат имало во четвртиот квартал, 3.2%.

„Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори “, рече Марија Митева, портпаролка на Владата.

Главен поттик за целата економија лани било градежништвото кое пораснало за 13.2%, а позитивни ефекти имале и инвестициите во стручните, научни и технички дејности. Од 10.2%.

Реклама

„Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП. Зголемен е порастот и во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6 отсто“, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата.

Надлежните очекуваат растот годинава да се темели на повеќе основи – инвестициите во инфраструктурата преку изградбата на патишта и пруги, но и преку локалните проекти кои се финансиираат од унгарскиот кредит; домашните компании кои добија финансиска инјекција преку другиот дел од оваа позајмица; како и странските директни инвестиции кои лани имаа рекордно ниво од 1 милијарда и 250 милиони евра, тренд кој се очекува да продолжи и годинава.

Љубиша Владимиров