Реклама
Прилози

Владата полека, но сигурно ги исполнува ветувањата – видливи резултати во економијата, здравството и образованието, но граѓаните бараат повеќе

Владата полека но сигурно ги исполнува ветувањата. Напредок во економијата, здравството, образованието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата полека но сигурно ги исполнува ветувањата. Напредок во економијата, здравството, образованието – една година по формирањето на Владата – е забележлив, но високите очекувања на граѓаните и понатаму остануваат. Годишниот извештај од мониторингот на Finance thik за владините ветувања за првата година  покажа дека дел од целите и ветувањата се веќе ставени во функција, некои се во тек, а трети чекаат да бидат реализирани.

Податоците покажуваат дека 18 мерки се целосно исполнети, додека 51 се во процес на реализација. Најголем напредок е забележлив во образованието.

Најголем напредок има во секторот образование, каде што има 24% од мерките исполнетост и дополнително 70% кои што се во насока на исполнување“, изјави Благица Петрески од Finance think“.

Реклама

Покрај образованието во рамката за 2024–2028 година, следени се 139 ветувања областите на социоекономските политики, здравството, младите и родова еднаквост. Во социоекономскиот сегмент, реализацијата е нешто послаба.  Во здравството, од 30 ветувања, приоритет се дигитализацијата и реконструкциите, но недостигот на кадар и старата опрема остануваат главен проблем.

„Она што останува предизвик во наредниот период е секако длабинските реформи во примарното здравство и во другите сектори, како што е и во регионализацијата на болниците, дигиталната трансформација на здравствениот систем и секако недостатокот на здравствени работници“, изјави Кирил Солески од АДИЦД МЛД.

Истражувањето укажува дека граѓаните имаат високи очекувања – дури 80% очекуваат секое дете да има пристап до градинка, а 77% – нови работни места. Домот, образованието и стабилна економија се во фокусот на нивните барања.