Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Владата остро осудува: Некои странски медиуми ја прекршија секоја граница на хуманост и достоинство

Владата остро ја осудува неодговорната и неетичка постапка на одредени странски медиуми,…

Сподели:

Владата остро ја осудува неодговорната и неетичка постапка на одредени странски медиуми, кои, и покрај постојаните апели за почитување на етичките новинарски стандарди, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство при известувањето за трагичниот погреб во Кочани, се наведува во соопштението од Владата.

„Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основни принципи во известувањето, сведоци сме на нивно игнорирање. Сензационализмот, како и стремежот кон фотографии и наслови кои привлекуваат внимание и вознемируваат, а ги ставаме пред вистината, ја деградираат суштината на новинарството. Ова е не само неприфатливо, туку и штетно за јавноста, а уште поважно за индивидуите и семејствата на жртвите на оваа трагедија. Искористувањето на моментите на жалост и тага заради сензационализам е недозволиво“, истакнуваат од Владата.

Тие апелираат до сите медиуми да се придржуваат до највисоките стандарди на професионално известување и да ја почитуваат личната болка и достоинството на семејствата на жртвите.

Реклама

„Правото на информираност никогаш не смее да биде по цена на основната човечка пристојност. Очекуваме одговорно известување, кое ќе ги служи интересите на јавноста. Владата останува посветена на транспарентноста и слободата на медиумите, но нема да премолчиме на неетички практики кои ги нарушуваат принципите на чесност и почит. Ги повикуваме релевантните меѓународни медиумски тела да го забележат ова и да го спречат ова опасно движење, кое може дополнително да ја наруши довербата на јавноста“, се додава во соопштението на Владата.