Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Владата останува посветена на реформските процеси и економијата, не се води од партиски интереси, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред другите политички партии на две анкети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред другите политички партии на две анкети што за нивни потреби биле направени минатиот месец, но, немаат намера да одат на предвремени избори бидејќи, како што вели премиерот Христијан Мицкоски, не се водат од партиски, туку од државни интереси и оти Владата ќе остане посветена на реформските процеси, економијата и унапредувањето на животот на граѓаните. 

Тој рече дека кога би гледале партиски би оделе на предвремени избори, но дека гледаат на изборите државнички, а следната година државата треба да врати долг од 2,2 милијарди евра, треба да се издаде еврообврзница во јануари и дека следната година е прилично економски предизвикувачка, а ако се оди на избори ќе застане и процесот на реформи.

Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите вели дека планира по Конгресот, кој ќе се одржи викендов и на кој треба да се избере претседател на партијата, за што досега е единствен кандидат, пред крајот на годината или почетокот на следната пред Централниот комитет на партијата ќе предложи нов состав на Извршниот комитет. Во периодот потоа треба да има генерален избор во општинските комитети и униите во партијата. Мицкоски очекува до крајот на март да заврши целиот процес на избори во партијата.

Реклама

-Осум години се луѓето во структурите на партијата и потребно е освежување. По завршувањето на овој Конгрес, тоа би било некоја мека транзиција за следниот конгрес по четири години, рече премиерот.

Според него, се размислува и да нема потпретседатели во партијата, нешто што било случај и во минатото, но оти тоа е само размисла, а не сигурна опција. На прашањето на новинарите дали ова би било во контекст на тоа да нема фаворизирање на одредени личности во партијата со оглед на тоа што ќе треба да се избира нов претседател за четири години, Мицкоски истакна дека би можело да се гледа и на таков начин. 

Месеците април и мај следната година ги спомена како можни месеци за реконструкција на Владата, процес што, според него, треба да заврши пред почетокот на летото и со тој состав на луѓе да се оди на следните редовни парламентарни избори. 

Иако, како што вели, во политиката нема ништо сигурно, тој сепак нагласува дека во моментов нема индикатори за предвремени избори и оти следните парламентарни избори ќе се одржат во предвидениот рок. Владината коалиција, според Мицкоски, функционира пристојно.

Изборот на министри за испразнетите места по локалните избори треба да заврши до крајот на месецов кога Собранието треба да ги избере Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања.