Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Владата не гледа ништо спорно во барањето на Груби за помош од Косово за пописот; Арсовски: Ова е паралелна демократија

Ред се редат скадалите околу пописот. Доволен број попишувачи нема, за оние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ред се редат скадалите околу пописот. Доволен број попишувачи нема, за оние кои веќе се пријавиле нема вакцини , ниту тестови, а ќе влегуваат по домови кај лица заразени од Ковид, законското решение опозицијата го проблематизира, власта вели попис ќе има, бил статистичка операција, од друга страна првиот вицепремиер Груби од косовските политичари бара помош за попишување на албанската дијаспора.

Ваквите чекори на Груби, според поранешниот амбасадор Љупчо Арсовски даваат предзнак на попишувањето како политичка, а не статистичка операција.

„Ова сега што се случува со изјавите на Груби и Османи и повикот на Курти од Косово за попишување го немало никаде. Тоа е мешање во внатрешни работи. Тоа е отскокнување од она што значи државност и ред во една држава. Тоа е паралелна дипломатија“, вели Арсовски за порталот МКД.мк

Реклама

Она што е симптоматично е што и покрај реакциите на јавноста и експертите, Владата не гледа ништо спорно во тоа што го направил Груби.

„Секој повик за поддршка на пописот е плус придонес кон успешноста на оваа статистичка операција. Ги повикуваме сите политички чинители, најгласно што можат, да испратат порака за поддршка на пописот“, одговорија од Владата.

Од владата повикуваат сите домашни политичари , вклучително и од опозцијата да испратат порака до граѓаните за попишување.

Но од опозицијата се цврство на ставот пописот мора да се одложи. Во овој момент кога падемијата со Ковид 19 зема се поголем зафат, ВМРО-ДПМНЕ упатува пораки за пописот да се одржи на есен, откако ќе се имунизираме.

Среде епидемија инсистираат на попис од проста причина што тоа за нив не е само статистичка, туку политичка операција. Заради политичкиот пазар на Заев среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И дел од докторите апелираат пописот да се одложи, доктор Чибишев вели  дека живееме во епидемиолошка агонија, а немаме вакцини, побара Комисијата за заразни болести да донесе препорака одложување на пописот за да немаме човечки загуби.

Мери Ѓорѓиевска