Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Владата не дискриминирала, Бектеши тврди дека сите што ќе добијат ваучери ги исполнувале условите

Владата не дискриминира по етничка основа – уверува министерот за економија Крешник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата не дискриминира по етничка основа – уверува министерот за економија Крешник Бектеши откако на социјалните мрежи излезе дел од дата база според која две третини од добитниците на ваучери за туризам се Албанци. Само 16% биле Македонци, 11% Роми, 7% Турци и 1% Бошњаци. Помош не била предвидена за голем дел од Власите и Србите. Јавноста прашува дали на овој начин Владата сака да влијае врз албанските гласачи пред избори. Бектеши вели дека луѓето на списоците ги исполнуваат пропишаните критериуми за да добијат ваучери за туризам од 100 евра и платежни картички од 50 евра. За податоците била одговорна Управата за јавни приходи.

Бектеши без одговор дали Владата планира да ја продолжи поддршката за исплата на плати на фирмите и во јуни и јули како што побара бизнис секторот. На алармот дека во прашање е задржување на 40 илјади работни места, тој вели дека се правеле анализи, а ако имало пари, мерката ќе продолжела.

Освен 115 илјади ваучери за туризам кои ќе почнат да се користат од 15-ти јули и 325 илјади платежни картички од 9 и 3 илјади денари кои банките треба да ги изработат и достават за дваесетина дена, со 250 илјади евра министерството за економија ќе покрива половина од трошоците за организирање обуки, семинари и конференции во угостителски објекти и хотели.

Реклама

Тања Попова