Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Владата ќе побара репреговарање на договорот за хеликоптерите од компанијата „Леонардо“

Координативното тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за преговори…

Сподели:

Координативното тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за преговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“. Договорот за набавка на хеликоптери не се раскинува, туку ќе се репреговара. Нема потреба од адвокатска куќа, сите дилеми при имплементација на договорот може да се надминат, изјави поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Владата подготвува основа за репреговарање на договорот вреден речиси 250 милиони евра за набавка на осум хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо хеликоптерс“, склучен за време на претходната влада со потпис на ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Овој потег беше најавен на владината седница одржана на 6-ти март, која ја водеше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, кој воедно е и претседател на Координативното тело за арбитражни постапки.

Реклама

„Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од меѓународните договори, се задолжува во рок од три дена да испрати барање за прибирање на понуди за избор на правна куќа која ќе обезбеди правни услуги од областа на меѓународното арбитражно и швајцарското право, согласно утврден опфат на работа. Понудите треба да се достават до следниве меѓународни адвокатски куќи: Three Crowns LLP, Herbert Smith Freehills LLP, Debevoise & Plimpton LLP, Freshfields LLP, Clifford Chance LLP, Latham & Watkins LLP“, пишува во записникот од владината седница.

Компаниите требало да ги достават своите понуди до 10 март.

Денес, на 14 март, Координативното тело треба да ја избере најдобрата адвокатска куќа која во иднина ќе треба да даде правно експертско мислење за договорот склучен помеѓу Министерството за одбрана и италијанската компанија „Леонардо хеликоптерс“.