Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Владата и НВО секторот со акциски план 2026-2028 ќе градат посилна врска за заедничко креирање политики

Владата ја зголемува соработката со граѓанското општество. Направен е акциски план за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ја зголемува соработката со граѓанското општество. Направен е акциски план за следните 3 години. На овој начин се очекува да се зголеми заедничкото планирање, сигурност и одговорност, отвореност и  транспарентност како и довербата и еднаквоста пред законот.

 Дополнително на ова, се работи и на нов закон за здруженија и фондации, а граѓанските организации веќе учествуваат и во подготовката на Програмата за работа на Владата за 2026 година.

„Како Влада најпрво работиме на фискална консолидација. Тоа е нешто што го бара меѓународната заедница од нас, за жал, како Влада кога бевме избрани па до денес состојбата беше таква како што беше, не треба да ве потсетувам. Со огромен буџетски дефицит, со лошо проектирање на приходната страна, со слабо проектирање на расходната страна и буџетски дефицит кој што беше 4 ипол 5% од бруто домашниот производ. Следната година имаме повеќе од 2,5 милијарди евра за враќање, стари долгови. А од друга страна потребна е нели, тоа го бараат меѓународните финансиски институции како што се Меѓународниот монетарен фонд, Светска Банка, таму да направиме фискална консолидација, јас мислам дека веќе следната година 2026 та ќе дојдеме до оние 3,5 проценти, буџетски дефицит од БДП и веќе по таа година можеме да планираме, не само за граѓанскиот сектор, односно цивилното општество, туку и за други елементи во државата поголеми дотации од страна на државата,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Додека Србија брои 80-90 милиони евра, Хрватска со 250 милиони евра, а Словенија над пола милијарда евра, Македонија располага со 10-12 милиони евра за граѓанскиот сектор.  Иако соседните држави имаат одвоено особено висок буџет за финансирање на невладиниот сектор, како што велат од Владата, кај нас не е регулиран во моментот и е многу мал за разлика од потребите и стандардите во регионот. Како што потенцираше премиерот, буџетот за граѓанскиот сектор може да се планира по 2027 година.