Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Владата и бизнисмените се мобилизираат за зголемување на македонскиот извоз

Платформа за јавно-приватен дијалог помеѓу Владата и приватниот сектор, организациска и техничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платформа за јавно-приватен дијалог помеѓу Владата и приватниот сектор, организациска и техничка поддршка на извозните компании, специјализирано тело за извозни компании – бизнис заедницата во соработка со владата се мобилизира за поголема афирмација на домашните извозни компании и подобрување на нивните потенцијали. Во стопанската комора свечено беа отворени просториите на институтот за извоз и заседаваше националниот совет за извоз, како тело за јавно-приватен дијалог во доменот на креирањето политики за унапредување на овој план.

Покрај претседателот на комората Бранко Азески како прв човек на Советот за извоз, членуваат и претставници од приватниот сектор од различни дејности кои се извозно ориентирани, како и највисоките претставници од владата и владините институции, вклучително и шефот на Владата. Христијан Мицкоски порача дека преку силно партнерство на Владата и бизнисот македонската економија може да стане поконкурентна и дека новиот Институт за извоз е добра можност стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари.

„Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. И тука нема ништо лошо, нити пак нешто чудно. Јас мислам дека само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни, добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука, од регионот, заедно со нашата најголема комора, би рекол. На тој начин ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за сето она коешто претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека, а и тоа го кажав, во моето обраќање на првиот настан дека, ценам дека полека но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари, рече премиерот.

Реклама

Азески и Мицкоски лично се заложија за прашањето поврзано со извозот и генерална економска трансформација на земјава.