Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Владата гради стратегија за жалбите во Стразбур , поднесени врз основа на аболицијата на Иванов

И покрај тоа што власта првично се обиде да ја минимизира важноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај тоа што власта првично се обиде да ја минимизира важноста на дописот од Стразбур во врска со аболициите на Иванов, денеска министерот Маричиќ призна дека владата се подготвува да ги брани дел од предметите на СЈО. Тој не сака да даде конкретни одговори како ќе се постави извршната власт во врска со апликациите кои го минаа првиот филтер во Стразбур, вели тоа било во интерес на заштита на процесот, оти Македонија била странка во случајот.

Не би ги изнесувал детално аргументите, ниту стратегијата на нашата позиција пред судот, имаме фаза која што е стандардна за секој случај кој ќе се иницира и ќе биде примен на одлучување во судот во Стразбур, а тоа е една фаза во која што се остава можност од извесен број на недели за евентуално спогодување, доколку тоа не се случи, понатаму е можноста за одговор на тужбеното барање и понатаму почнува постапката. Ние сме сега во почетна фаза… рече Бојан Маричиќ – министер за правда

Маричиќ не сакаше да даде одговор ни дали ќе се обидат да се спогодат со обвинетите или осудените кои пред судот во Стразбур се жалат дека им се прекршени правата.

Реклама

Секое изјаснување на било кој владин претставник може да има последници во понатамошната постапка. Затоа би кажал, без да ги загрозам интересите на нашата држава во постапката, би кажал дека ние работиме на случајот, ги разгледуваме сите апликации бидејќи не се работи за една туку за повеќе апликации одеднаш, ги разгледуваме и ги подготвуваме нашите аргументи и нашата стратегија.., вели Бојан Маричиќ – министер за правда

Според дел од правниците во Македонија се поизвесно е дека судот во Стразбур ќе потопи дел од случаите на веќе згаснатото СЈО, оти според нив, еднаш дадена аболиција не може да биде поништена.

Доколку се следи досегашната пракса во одлучувањето на судот за човекови права, големи се шансите да бидат прифатени жалбите на функционерите од поранешната власт, меѓу кои Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, пишуваат некои од правниците повикувајќи се на на донесена одлука по сличен случај во полза на лицата кои се жалат, посочувајќи го случајот Лекса против Словачка.

Дека аболицијата не може да биде укината е и примерот  што Грција не дозволи екстрадицијата на поранешните функционери во МВР Горан Грујовски и Никола Бошковски, оти во Македонија ќе немале фер судење, но и ефектот од одлуката за помилување која не можела да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила.

Мери Ѓорѓиевска