Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Владата го усвои ребалансот на буџетот, ќе се потрошат повеќе пари од првично планираните

Речиси 300 милиони евра Владата планира да потроши со новото прекоројување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 300 милиони евра Владата планира да потроши со новото прекоројување на државната каса, од првично планираниот буџет. Претставениот ребеланс, кој треба да се најде пред пратениците,  ќе ја зголеми расходната страна која ке изнесува 4,3 милијарди евра, додека пак приходната страна на буџетот се планира да се зголеми за 100 милиони евра и ќе тежи 3,6 милијарди евра.

Со ребалансот на буџетот, Владата, покрај другото,  одвои пари и за админиистративиците, односно за исплата на државен регрес, иако во текот на на пандемијата за разлика од приватниот сектор, платите на државно вработените останаа исти.

Расходите за исплата на платите се проектирани на нивото на 31,6 милијарди денари, во кој е вклучен ефектот на строга контроа на нови вработувања, со цел оптимилизација на јавната администрација. Секако овде е вграден и регресот за годишен одмор согласно колективниот договор за органи на државна управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните установи,општините,државно правобранителство,градот Скопје… истакна денеска Зоран Заев – претседател на Владата

Реклама

Со новата поделба на парите од државната каса се планира и продлабочување на буџетскиот дефицит, за кое министерот за финансии Бесими вели дека ке се надополнел  со можно задолжување од дома и странство…

Во рамки на отплатите по основ на претходни задолжувања влегуваат  еврообврзницата издадена во 2014 година, во износ од  500 милиони евра која доспева во јули, државните обврзници во износ од 4,68 милијарди денари и структурните обврзници во износ од 1,44 милијарди денари. Домашното задолжување во износ 23 милијарди денари, ќе се реализира преку државни хартии од вредност со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 4,68 милијарди денари, така што нето-задолжувањето ќе изнесува 18,45 милијарди денари кои ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2021 година како и за делумно финансирање на 2022 година. Задолжувањето во странство се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции, наменети за финансирање на одделни проекти вкучително и заем од ММФ, втората транша од заемот од ЕУ за макрофинансиска поддршка во износ од 80 милиони евра која неодамна ни стана достапна, како и еврообврзницата која веќе ја повлековме“, рече Фатмир Бесими – министер за финансии

Новини во релабансот се новата потпрограма за зелен развој, нови инструменти како развојна обврзница и зелена обврзница кои ќе бидат наменети исклучиво за инвестиции и зелен развој. Наскоро се очекува да биде презентиран и Планот за финансирање на забрзаниот раст кој се очекува да овозможи нови инвестиции.