Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Економија

Владата ги остави граѓаните и банките меѓусебно да се натегаат за одложување на ратите за кредитите

Владата ги остави граѓаните и банките меѓусебно да се натегаат за одложување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги остави граѓаните и банките меѓусебно да се натегаат за одложување на ратите за кредитите. И банките ќе даваат понуди, но и должниците ќе можат да побараат променети услови.

Засега, ниту граѓаните, ниту фирмите се уште не знаат какви понуди ќе добијат. Дали ќе им се пролонгираат ратите за кредити на сите или само на некои, какви понуди ќе добијат оние на кои ќе им доцни платата еден месец, а какви оние кои веќе добиле отказ? Дали банките ќе пратат само една понуда следниот месец? Што ако некоја фирма сега е ликвидна и не добие понуда, а финансиската состојба и се влоши за неколку месеци? Граѓаните и фирмите се во прашалници. Бараат банките конкретно да кажат какви понуди ќе дадат и од што ќе зависат тие. Телефоните во синдикатите постојано ѕвонат.

„Не е доволно објаснето дали тоа ќе биде автоматски пролонгирање на кредиттите за 3 месеци или ќе треба да се јавуваат во банките. Треба да се направи едно известување директно од Владата и да се прецизира што точно и како ќе биде, зошто постои опасност да се создаде метеж во експозитурите на банките“ – вели Благоја Ралповски од Конфедерација на слободни синдикати.

Реклама

Фирмите со критики. Додека во некои земји од регионот, на пример во Словенија, ратите за кредити се замрзнати 12 месеци за сите, нашите компании допрва треба да чекаат на понуди од банките – се жалат од текстилниот кластер.

„Да се следи примерот на Словенија, Хрватска, Албанија каде во период на криза ги замрзнуваат сите обврски на граѓаните и правните субјекти, за да не бидат дополнително оптоварени и да не бидат изложени на инфекции ако одат да аплицираат“ – вели Маријана Перковска од Тексилниот кластер.

Уредбата за промената на кредитните услови Владата ја донесе вчера вечер. Досега се знае дека граѓаните не треба да одат во филијалите на банките, согласно препораките за заштита од Ковид 19, туку да чекаат писмена понуда по смс, е-мејл, објава на веб страниците на банките. Тоа ќе се случи откако секоја банка поединечно ќе донесе одлука на Управен Одбор. Од банките ветуваат дека тоа ќе го направат во најбрз можен рок.

Од МБА информираат дека изменување на условите ќе има онаму каде што банката сама ќе процени дека тоа е потребно. И граѓаните и фирмите ќе можат да побараат од банките променети услови за кредитите.

Досега се знае дека сите што ќе добијат понуда од банките треба да одговорат во рок од 10 дена. Ако граѓаните не ја одбијат, ќе се смета дека автоматски ја прифаќаат понудата. За компаниите, пак, е обратно. Ако не ја известат писмено или електронски банката дека ја прифаќаат понудата, по 10 дена ќе се смета дека ја одбиле понудата.

Банките ќе понудат повеќе варијанти: одложување или грејс период на обврските, пролонгирање на подолг период, пониска камата или одобрување на нов кредит за рефинансирање на постоечкиот. Ова ќе важи за сите видови кредити, кредитни картички, одобрен минус.

Тања Попова