Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Владата е подготвена да го прифати секое решение за минимална плата што ќе го договорат синдикатите и работодавачите

Владата е подготвена да го прифати секое решение за зголемување на минимална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е подготвена да го прифати секое решение за зголемување на минимална плата кое ќе го договорат синдикатите и работодавачите. Тие треба да остварат средба до крајот на ноември на социјално економскиот совет, а дотогаш премиерот, објасни дека нема да има било каква интервенција, надвор од рамки на законот.  

„Во ноември ќе имаме седница на социјалниот економски совет и очекувам ова прашање да се отвори таму. Ние како Влада ќе го прифатиме секое решение кое ќе го договорат работниците и работодавачите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За Владата секакво ад-хок решение без економска поткрепа и анализа само ќе направи директен притисок врз малите и средни претпријатија, кој потоа можат да предизвика бранови отпуштања.

Реклама

Министерот за економија Дурмиши објасни дека во моментов не гледа логика за интервентно зголемување. Појасни дека Владата ќе изврши усогласување на минималецот со зголемувањето на инфлацијата и трошоците за живот, како што предвидува и законот.

„Ако одиме на ад хок зголемување на минималната плата тоа ќе предизвика уште понатаму зголемување на инфлацијата, за 18 месеци сме ги зголемиле платите во образование, кој е клучен столб во општеството, полицијата, здравството, зголемени се пензиите. Минималната плата според одредена и усогласената формула е зголемена во март годинава, каде што исто така во март наредната година исто ќе се зголеми“, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши.

Во моментов минималецот во Македонија е 24,379 денари. Според досегашните параметри на инфлација и трошоци на живот, новото редовно зголемување би требало да биде околу две илјади денари а ќе се случи во март 2026 година. Синдикатите па негодуваат. Тие бараат 500 евра минимална плата без да се земат предвид статистичите податоци.