Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Владата е одговорна за трошењето на народните пари, и затоа не гледам причина а зголемување на платите на судиите и обвинителите

Судовите и Обвинителствата наредната година ќе добијат 0,35 % од бруто домашниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судовите и Обвинителствата наредната година ќе добијат 0,35 % од бруто домашниот производ и ни денар повеќе, согласно новиот Закон за судскиот буџет којшто се подготвува во Министерството за правда. Премиерот МИцкоски е дециден и повторно нагласува дека нема каква било причина судиите и обвинителите да добијат поголем буџет. Македонија според него одвојува пари од буџетот за правосудниот систем повеќе од 75% земји членки на ЕУ, односно 0,3 % е всушност европски просек и нашата земја не отстапува од него.

Мицкоски појаснува дека немаме пари ниту потреба судиите и обвинителите да ги подмириме со 1,3% од БДП, односно 260 милиони долари, онолку колку што бараат, бидејќи ЕУ од нас бара да имаме и финансиска консолидација. Тој потсети дека судиите не се под плата од 100.000 денари месечно, а претседадателите на судовите имаат и до 3.000 евра плата. Согласно реформите тие ќе имаат свој буџет, но пред собраниска комисија ќе ги правдаат парите.

Шефот на владата  вели дека е прв што доживеал здржен напад од судиите и обвинителите. Отфрла политичко влијание врз судството, но вели дека опозицијата и тоа како се меша и врши притисок. Премиерот прашува зошто опозицијата бара анкетни комисии за трагедијата во Пулс кога им верува на судиите и обвинителите. Според него, поединци од судството жилаво се борат за пари и да си ги задржат фотељите.

Реклама

Државниот обвинител Коцевски од собраниска говорница се жалеше дека немаат пари ниту луѓе за да може да си ја вршат работата. Дури и судиите минатата недела го искараа премиерот дека ја преминал границата со изјавата дека  со довербата на граѓаните од само 2 %, тие не заслужуваат поголем буџет и повисоки плати.