Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Влада: Усвоени се низа на мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето

Владата денес ја одржа редовната 63-та седница, на која беа усвоени низа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата денес ја одржа редовната 63-та седница, на која беа усвоени низа важни мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето. Овие одлуки ја одразуваат заложбата на Владата за постигнување конкретни резултати.

Во однос на истото, сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ. Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.

Воедно, ја информираме јавноста дека на денешната седница на Владата, се усвоија предлозите за измени и дополнувања на седум закони кои се во надлежност на Министерството за транспорт. Имајќи ги предвид последните трагични случувања, се има за цел вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања. Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци. Дополнително, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.

Реклама

Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Владата за вистински, конкретен напредок кој има за цел да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните. Ставајќи приоритет на ефикасноста и долгорочниот развој, Владата останува посветена и ќе продолжи да ја информира јавноста за секој преземен чекор.

Интегрален текст од соопштението на Владата