Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

„Витаминка“ покровител на едукативна детска претстава за развивање на емпатијата и другарството од предшколска возраст

Емпатијата, другарството, взаемното помагање, но и почитувањето на различностите се чувствени вредности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Емпатијата, другарството, взаемното помагање, но и почитувањето на различностите се чувствени вредности на кои со децата треба да се работи од најмала возраст. И дома, а и во образовно-воспитните установи. Континуираната едукација на начин прилагоден и интересен за нивната возраст е првиот чекор кон создавањето на идни здрави личности, сметаат надлежните од прилепската ЈОУ Детски градинки “Наша иднина“.

Во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден непосетува Караванот од „Витаминка“ и им овозможува на децата да уживаат во една прекрасна музичко-драмска и интерактивна претстава чија цел е да се поттикнат кај децата емпатијата, важноста на другарството, значи почитување на меѓусебни различности и да се поттикне социо-емоционалниот развој на најраната возраст“ – вели Даниела Тренкоска, раководител на ДГ „Бончејца“, Прилеп.

Од Компанијата „Витаминка“ пак, велат дека тие, како општествено-одговорна компанија секогаш во својот фокус го имаат здравиот развој на најмладите, заради што и пред пет месеци одлучиле да реализраат еден ваков проект, заедно со Продукцијата „Триангл“.

Реклама

Со гордост можеме да кажеме дека преку Караванот на „Витаминка“, насловен „Роденденско другарување“, допревме до срцата на над 22.000 деца или 115 градинки ширум нашата република, носејќи им вредни лекции за другарството, емпатијата и почитта. Нашата мисија беше да ја поттикнеме свеста за важноста на општествените вредности на забавен и интерактивен начин“, – кажа Симона Симоновска, шеф на маркетинг во „Витаминка“, Прилеп.

На мое големо задоволство, нашата Продукција „Тринагл“ со професионални изведувачи и со музика во живо, допревме до целата група во предучилишните установи и можам да заклучам дека е уникатен проект кој што заслужува големо внимание и е поттик за да се продолжи понатаму со вакви типови на кампања“, – посочи Десанка Григоријевиќ, режисер и сценарист.

Од „Витаминка“ велат дека после денешната завршница на овој проект, тие веќе работат и на нови вакви проекти.

Каролина Дурло