Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

Висока излезеност во Крива Паланка, Ранковце и Кратово

Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се затворени точно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се затворени точно во 19 часот, а граѓаните што се затекнале на избирачките места во тој момент го оствариле своето избирачко право, информираат од општинските изборни комисии, од каде посочија дека гласањето и изборниот процес во сите три општини протекле во фер и демократска атмосфера, со непречено одвивање на целокупниот избирачки процес.

Излезеноста во Крива Паланка до 18 :30 часот изнесува високи 63.53 отсто, а избирачкото право го оствариле 10 494 граѓани од вкупно 16 534 гласачи регистрирани во Единствениот избирачки список.

Во Општина Ранковце излезеноста е највисока во трите општини на крајниот североисток и изнесува 66.29 до 18:30 часот, а во Кратово излезеноста е 55.65 отсто, каде на 33 избирачки места до 18:30  часот гласале 4.135 граѓани.