Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Виктор Паунов го почнува вториот градоначалнички мандат во Општина Карбинци  

Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов и новоизбраните советници во Советот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов и новоизбраните советници во Советот на  Општина Карбинци денеска ги добија уверенијата за четиригодишниот мандат 2025–2029.

Паунов, кој ја доби довербата по вторпат, најави континуитет во развојните проекти и подобрување на квалитетот на животот во општината. Тој изрази уверување дека во наредните четири години, во соработка со Советот, ќе се реализираат нови идеи и проекти, што ќе донесат видлив развој на населените места во Општина Карбинци.

-Упатувам честитки прво до Општинска изборна комисија за успешно спроведениот изборен процес. Изборен процес низ едни демократски капацитети, коишто покажаа и како комисија и од страна на граѓаните за едни успешни спроведени Локални избори. Ова е втор мандат за мене како градоначалник и искрено очекувам да имаме една успешно плодна четиригодишна програма, која што ќе ја реализираме заеднички со овој состав на советници, со целиот тим кои што ќе го работиме во овие четири години. Можам да кажам дека граѓаните комотно можат да очекуваат низа на проекти, проекти кои што ќе подобрат квалитетот на живот, проекти кои што ќе придонесат едно поинакво секојдневие во Општина Карбинци, рече Паунов.

Реклама

Очекувањата на новите советници се дека следните четири години ќе донесат реализација на најавените проекти и продолжување на позитивните промени.