Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Видео: Скандалозно признание на Вилма Русковска за ургенцијата на Заев за „27 Април“ — поранешниот премиер барал преквалификација на делото

Кривичната пријава за настаните од 27 април беше поднесена во март 2018…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичната пријава за настаните од 27 април беше поднесена во март 2018 година, а Вилма Русковска беше именувана за шефица на Обвинителството во октомври истата година. Таа, можеби несвесно, сега призна дека била под влијание на поранешниот премиер Заев, за што и таа и тој би можеле да одговараат за извршено сериозно кривично дело.

Поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во поткастот кај адвокатот Јанаки Митровски му призна дека поранешниот премиер Зоран Заев од неа барал преквалификација на делото за настаните од 27 април.

Ваквата нејзина изјава може да се смета за признание на извршено кривично дело, особено ако се земат предвид одредбите од Кривичниот законик. Потенцијалните прекршувања вклучуваат Примање награда за противзаконито влијание, Злоупотреба на службена положба и овластување (член 353, став 3 од Кривичнипот законик) и Трговија со влијание.

Реклама

Контекстот е уште посложен ако се земе предвид фактот дека кривичната пријава за настаните од 27 април беше поднесена во март 2018 година, а Вилма Русковска беше именувана за шефица на Обвинителството во октомври истата година. Сомнежите се насочени и кон можен случај на награда или корист за противзаконито влијание, што е сериозен криминален чин.

Дополнително, ако е точно дека Русковска била запознаена со постоење притисоци или кривични дејствија од страна на тогашниот премиер, но не го пријавила тоа пред надлежните институции, може да се постави прашањето за евентуално прикривање нкривично дело.

Во тој период, токму Обвинителството со кое раководеше Русковска поднесе обвинение против 30 од 35 осомничени лица за настаните од 27 април, товарејќи ги за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Само шест месеци подоцна, таа беше официјално поставена на највисокото обвинителско место во државата за борба со организиран криминал.

Русковска беше и носител на други чувствителни истраги, меѓу кои и „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“, што дополнително го зголемува значењето на нејзината улога во правосудниот систем. Но, токму оваа нејзина улога сега е под сенка на сомнеж поради нејзината изјава за Заев, која засега не наидува на формална правна реакција.

Правните импликации допрва ќе се разгледуваат, но еден факт останува: кога обвинител јавно признава дека бил под политички притисок за преквалификација на дело со сериозни последици по државата – правдата не смее да остане нем набљудувач.

Во продолжение, погледнете го видеото во коешто Русковска признава кривично дело: