Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Вицепремиерот Сали на панел-дискусија на Универзитетот Мајка Тереза

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска учествуваше на панел-дискусијата организирана на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска учествуваше на панел-дискусијата организирана на Универзитетот Мајка Тереза на тема „Институционална консолидација и законодавството за високото образование“.

Сали во своето обраќање, како што соопшти неговиот Кабинет, ја истакнал важноста на институционалната консолидација и зајакнувањето на високото образование како клучен столб за развојот на општеството и перспективата на младите.

Тој нагласил дека правните пречки со кои се соочуваше Универзитетот Мајка Тереза веќе се надминати, вклучително и предизвиците поврзани со Статутот на Универзитетот, со што се отвора патот за понатамошен институционален развој, унапредување на квалитетот во образованието и зајакнување на улогата на универзитетот во општеството.

Реклама

-Нашата заложба како Влада останува цврста во поддршката на високото образование и развојот на образовната и научната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за студентите и академскиот кадар, како и градење силни институции кои придонесуваат за развојот на државата и перспективата на нашите млади- истакнал Сали.

На панел-дискусијата учествуваа и институционални претставници, универзитетски професори и експерти од областа на високото образование, кои разговараа за предизвиците и приоритетите за унапредување на универзитетскиот систем и зајакнување на институционалната автономија.