Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Вицепремиерот Фетаи оствари средба со Даниел Џ. Лоутон од Стејт департментот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи остварил работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи остварил работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот.

На средбата, како што соопшти Кабинетот за заменик-претседателот на Владата, се разговарало за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеење на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење.

Заменик-претседателот на Владата ја потенцирал посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведувањето на реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање на јавните институции.

Реклама

Заменик-помошник државниот секретар ја реафирмирал поддршката на САД за реформските процеси во земјата, потенцирајќи ја важноста од продолжување на стабилните политики што го поттикнуваат евроатлантското интегрирање, институционалната стабилност и демократскиот развој.

Двајцата соговорници се согласиле да продолжат со редовна комуникација и координација за прашањата од заеднички интерес, со посебен акцент на зајакнување на доброто владеење и институционалниот интегритет.

Во рамки на посетата, заменик-претседателот на Владата остварил средба и со Марк Тервакоски, директор на Канцеларијата за Европа и Азија при Бирото за Меѓународни наркотични прашања и спроведување на законот, соопшти Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владење.