Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Вевчанскиот карневал ја затвора сцената со традиционалното василичарско оро и палење на маските

Со многу пркос, непредвидливиот дух на василичарите кулминираше попладнево со палењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со многу пркос, непредвидливиот дух на василичарите кулминираше попладнево со палењето на маските, чин со кој практично завршува карневалот. Изгореа маските кои ја отсликаа македонската реалност. Карневалот го прави Вевчани сѐ поатрактивна туристичка дестинација. За странците се интересни и древните обичаи кои го пратат Свети Василиј, а вевчанци ги негуваат.

– „Видеа од карневалот видов на Јутјуб, беа многу интересни, затоа посакав да дојдам дури од Австралија и да го видам сето тоа со свои очи. Многу е убаво, како приказна од книга, никогаш досега не сум видела и доживеала ништо слично. Луѓето се љубезни, ова е неверојатно добро место кое треба да се посети. Иако е зима и ладно, го препорачувам секому“, велат туристите.

Во срцето на македонската традиција, на карневалската сцена настапи и музичка група од Белгија, а атмосферата и денес зовре од енергија и смеа.

Реклама

– „Прв пат сме овде и дојдовме специјално за карневалот во Вевчани. Сите живееме во Антверпен, Белгија, но доаѓаме од различни страни на светот. Луѓето овде се гостопримливи, храната вкусна, а пробавме и одлична топла ракија. Нашите костими се инспирирани од еден многу стар карневал во Буенос Аирес, Аргентина. Патот сега нè донесе и во Вевчани. Вевчани нè одбра нас да бидеме дел од оваа карневалска традиција“, велат музичарите.

Најстарата карневалска традиција кај нас е карактеристична по уникатните маски. Откако постои Вевчани, оттогаш постои и карневалот.

– „Карневалот во Вевчани е уникатен, со многу стара традиција. Мислам дека е најстар карневал во Европа, што само по себе е неверојатно. Овде бев и лани, но посебниот карневалски дух ми остана во сеќавање. Ми беше чест што ме поканија и оваа година“, вели Ларс Алгел, претседател на Федерацијата на европски карневалски градови (ФЕЦЦ).

Општината размислува да направи музеј во кој ќе можат да се видат кукли, носии, фотографии, но и маски кои биле дел од карневалот.

– „Може и да се сочуваат, може и наменски да се изработат реплики на тие маски. Може и да се донираат од страна на учесниците делови од маски кои можат да бидат прикажани како експонати во тие музејски поставки во иднина. Ние ја имаме таа идеја тој простор да се исполни и да биде место каде што туристите во текот на целата година ќе можат да видат и да доживеат делови од нашата традиција, од делови на карневалот и од историјата на Вевчани“, вели Александра Велкоска – туризмолог.

Има археолошки податоци кои упатуваат и на старост дури до 2200 година, така што ова е долговековна традиција која Вевчани ја задржало онака како што секогаш се славела.