Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Вевчани станува магнет за странските туристи

Живописното Вевчани како магнет влече странски гости. Се повеќе намерници кои тргнале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живописното Вевчани како магнет влече странски гости. Се повеќе намерници кои тргнале кон двата туристички градови Охрид и Струга,од љубопитност скршнале по патот кој води во Вевчани. Најмалубројната општина во државава,има голем потенцијал за развој на туризмот кој нема да зависи од сезоналноста и може да живее 365 дена во годината.

За таа цел, градоначалникот планира новиот 4 годишен мандат меѓудругото да го посвети на реализација на две децении актуелната идејата за прогласување на Јабланица за национален парк.Од 2008-ма година,е заштитен само овој дел од планината кој ја зафаќа соседна Албанија, а има голема посетеност.Доколку Јабланица се прогласи за национален парк и од македонска страна, туристите ќе можат да уживаат во една од најживописните планини која ја делат двете соседни држави.Своевремено имаше и голем интерес кај странските инвеститори за изградба на ски центар токму на Јабланица.

“Таа работа е во тек јас планирам,моја лична желба како градоначалник,е заштитеното подрачје да си остане под ингеренции на Општива Вевчани,а другиот дел на Јабланица може да биде национален парк.Интересно е Вевчани и летен и зимски период,но инфраструктура е потребна за зимски туризам”-вели Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани

Реклама

Јабланица претставува зона со висок степен на заштита. Вевчанските извори од 2012-та година се заштитено подрачје во категоријата споменик на природата со површина од 1370 хектари.Општина Вечани е дирекно надлежна за управување со ова заштитено подрачје, меѓу чии природните украси се ретките, но прекрасни леднички езера кои народот ги нарекол планински или горски очи, а ги има четири.

Могу убавини има Вевчани, старите уникатни куќи направени во традиционален вевчански стил кои пленат со својата топлина,тесни улички со канделабри и многу цветни градини.Но проблем е недостатокот на сместувачки капацитети бидејќи нема нити еден хотел.

“Основно нешто за развој на секој туризам е промоцијата.На Вевчани му фали, тоа е доста промовирано но сепак не е доволно и фалат сместувачки капацитети.Во одредени периоди во летно време и нарочито за карневалот, смесувачките капацитети се малку да ги примат сите гости”-вели угостителот Жарко Мурџески.

Пештерите се уште еден адут за развој на туризмот како и старите воденички камења, кои можат да се видат покрај водениците,а потсетуваат на едно далечно време кога во Вевчани имало повеќе од 40 воденици стари и по 300 години.Инаку градоначалникот планира да ја реновира кино салата и да изгради мултифункционално фудбалско игралиште. И додека сето ова се реализира, во меѓувреме Вевчани ја подобрува патната инфраструктура со 400.000 евра кои општината ги доби од унгарскиот кредит.