Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Велковски: Со изградба на 15 нови еко-градинки во 15 општини, обезбедуваме здраво и сигурно опкружување за 2.499 деца

Заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, денес во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, денес во Собранието на Македонија елаборира за една од најзначајните теми за здравјето на граѓаните од аерозагадувањето.

-Ова не е само еколошки, туку и сериозен здравствен предизвик, кој најсилно се чувствува во Скопје, Тетово, Битола и други градови низ државата. ПМ честичките, CO₂ емисиите и токсичните гасови се поврзуваат со зголемен број на болести: астма, бронхитис, срцеви заболувања и малигнитети. Тоа е невидлив непријател кој секојдневно влијае врз децата, постарите, хронично болните, истакна Велковски.

Заменик министерот Велковски истакна дека одговорот на државата мора да биде јасен и конкретен и дека Министерството за социјална политика, демографија и млади презема мерки за:
– Објекти со енергетска ефикасност
– Соларни системи и топлотни пумпи
– Фотокаталитички фасади што го прочистуваат воздухот
– Автоматизирани системи за контрола на енергијата и вентилацијата

Реклама

-Со изградба на 15 нови еко-градинки во 15 општини, обезбедуваме здраво и сигурно опкружување за 2.499 деца. Овие објекти се пример како екологијата и социјалната грижа одат рака под рака. Со национални ресурси и соработка со меѓународни партнери, создаваме нови стандарди каде енергетската ефикасност и чистиот воздух се императив, не избор. Надзорната расправа е можност да покажеме дека аерозагадувањето не е проблем што се игнорира. Тоа е предизвик што бара одлучна акција, координирани институции и граѓанска поддршка, нотира Велковски.

Тој е дециден и треба да не заборавиме дека борбата за чист воздух е борба за живот.

Да дејствуваме сега за здравјето на нашите деца и за иднината на Македонија, потенцира заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Велковски.