Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Велковски: Откочен процес на лиценцирање, лани рекордни вработувања во детската заштита

Во текот на 2025 година имаме рекорден број на вработувања во делот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на 2025 година имаме рекорден број на вработувања во делот на детската заштита каде што повеќе од 800 огласи за воспитувачи, негуватели и останат кадар во детските градинки беше заменет, изјави попладнево заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, одговарајќи на новинарско прашање.

– Во јули 2024 година кога ја презедовме Владата и Министерството, системот за лиценцирање беше закочен. Со поддршка на премиерот, Владата, Собранието, го откочивме процесот. Денеска од тие повеќе од 1.900 луѓе кои беа на листата на чекање повеќе од три четири години, од август 2025 година досега се лиценцирани повеќе од 900 вакви баратели, рече Велковски.

Продолжуваме со лиценцирање и издавање нови согласности за пополнување на бројот на вработувања во детските градинки, нагласи Велковски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворање на градинка во општина Сопиште.