Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Велиу за Алфа: Eден милион евра пари од верниците на ИВЗ завршиле во кампањата на ДУИ, ИВЗ демантира и најавува тужба за Велиу

Кампањата за локалните избори на интегративците е финансирана со испумпани пари од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањата за локалните избори на интегративците е финансирана со испумпани пари од Исламската верска заедница. Ова го вели поранешниот муфтија Плуми Велиу, кој во емисија на Алфа телевизија обелодени дека на 26 септември годинава, еден милион евра од ИВЗ биле префрлени во странска земја, а потоа вратени назад и употребени за политички цели и кампања.

Велиу појаснува дека целото раководство на ИВЗ е инсталирано од страна на ДУИ. Поранешниот муфтија ја повикува Управата за финансиско разузнавање да ги провери овие наводи, бидејќи противзаконски е верски средства да се користат за политички активности. Според него, симптоматично е каде завршиле парите, особено затоа што овој период од годината не се организира аџилак.

За овие сериозни обвинувања, Алфа побара став од Исламската верска заедница. Оттаму ги негираат овие информации. Велат дека ИВЗ е сериозна организација, а за тврдењата на Велиу, ќе остават судот да цени.

Реклама

Не се занимаваме со никакви коментари, особено за лица кои немаат никаква поврзаност со ИВЗ. ИВЗ е сериозна организација. Нашата држава има свои институции, затоа коментарот ќе го дадеме на суд, а судот ќе ја разјасни клеветата на лицата кои и за време на претходната влада ги правеа истите клевети, велат од ИВЗ.

Во јавноста и претходно се говореше за тесни врски меѓу Исламската верска заедница и ДУИ, особено во периоди на избори. ИВЗ често била предмет на критики за нетранспарентност во работењето и кадровски влијанија од политиката. Плуми Велиу, кој беше муфтија во Битола и порано јавно говореше за злоупотреби и корупција во рамките на институцијата, обвинувајќи дека со години се одвива политизација на верските структури.

Во истражување на „Институтот за политички истражувања – Скопје, 53,8% од испитаниците сметаат дека ДУИ има најголемо влијание врз ИВЗ, додека влијанието на останатите политички партии е речиси занемарливо.