Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Велигденски пораки за обединување, мир и спокој

Велигден да ни донесе љубов, надеж и сила. Да бидеме помудри, похумани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигден да ни донесе љубов, надеж и сила. Да бидеме помудри, похумани, обединети. Државно-политичкиот врв го честиташе најголемиот христијански празник – посакуваат сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, да ја негуваме духовноста а светлината на Воскресението да биде водилка во напорите за изградба на праведно и хумано општество.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека Христовото воскресение, како темел на христијанската вера, веќе два милениума е симбол на животот. Фактот што оваа година сите христијани го слават Велигден на ист ден, нека биде поттик за уште поголема сплотеност и заедништво – и кај нас и во светот.

За време на велигденскиот пост ја доживеавме една од најтрагичните случки во поновата историја на нашата татковина. Искрено се надевам дека овој Велигден ќе ни донесе утеха, надеж и сила – обединети, солидарни и посветени да ги надминеме сите искушенија. Да покажеме дека и од најголемите неволји можеме да излеземе помудри, похумани и посилни. Да правиме добри дела и да бидеме поддршка за сите на кои им е потребна помош, порача претседателката Сиљановска Давкова.

Реклама

Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината порача премиерот Христијан Мицкоски.

Живееме во тешки времиња на предизвици и искушенија, и сум целосно свесен дека многу наши граѓани ги мачат истите проблеми и грижи. Сакам да биде подвлечено дека ние, сите заедно мора да работиме за напредокот и благосостојбата на секој еден човек, и тој пат да обезбедиме иднина не е воопшто лесен, но јас сум цврсто и непоколебливо решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста и да застанеме позади вредностите во кои веруваме – порача премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Собранието Гаши порача дека нивна должност е да се изградат мостови на разбирање, хармонија и мир.

Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество, порача Гаши.

Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа – претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека токму овие вредности, се основата за создавање на подобро општество, преку добри дела и посветеност.

Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу. На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон подобра иднина, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ДУИ им посака на сите христијани благословен празник, исполнет со духовна радост, здравје и хармонија во семејствата.

Од пред Соборниот храм, честитка упати и вицепремиерот Љупчо Димовски.

Министерката за финансии пак Велигден го прославуа во Чикаго, САД, заедно со македонската дијаспора. „Вербата во Бога нека биде единствена водилка по нашиот животен пат, а нашите мисли нека создаваат само добри дела“, порача Гордана Димитриевска Кочовска.